Со вчерашната одлука на Влада, практично овозможивме да РКЕ денеска ги намали акцизите за дизелот од 4 денари по литар, а за бензините два денари по литар. Исто така во разговор со ОКТА, лично разговарав со раководството на ОКТА во Атина, но и со раковотството на Хеленик петролеум и ОКТА тука во Скопје и успеавме да обезбедиме дополнителен период од еден месец дена за оние три денари за литар дизел и два денари за литар безоловен, кога сето ова ќе се стави во функција тогаш за бензините треба да имаме и поевтина цена од таа која што е сега, а за дизелот не би требало да имаме на одредени бензиски пумпи покачување и покрај тоа што имаме сериозна предизвикувачка состојба во државата, но не само во државата насекаде во светот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот вели деке состојбата е стабилна.
-Од аспект на количини сме стабилни, имаме доволно количини. Тука не треба да имаме никакви стравувања. Зголемена е потрошувачката, зголемен е конзумот, од негде 1,5 милион литри на ден на 2 милиона литри. Имаме притисок на одредени погранични места, ја продолживме и мерката од 18 на 10% ДДВ се со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните и бизнисите, рече Мицкоски.
Македонија рефлектира стабилност во регионот, вели Микоски.
-Она кое што претставува наша цел е да бидеме фактор на стабилност и тоа го правиме. Онаа Македонија која што коленичеше и молеше, верувале или не повеќе не постои, сега имаме Македонија која што помага, од која што бараат помош, која што рефлектира стабилност во регионот, која што е фактор на стабилност, здрелост што е многу важно и на тој начин ќе се однесуваме како Влада и во иднина, посочи премиерот и додаде:
„Ќе ја слелдиме состојбата, утринава откако стартуваа Берзите на Исток постепено продуктите ја намалуват својата цена, но да видиме како ќе затвори денот и да видиме како ќе затвори неделата за да можеме да имаме некаков репер околу цената на берзите, за да знаеме какви ќе бидат цените на производите, односно цените на дизелот и безоловниот 95 и 98 октанскиот“