Премиерот Зоран Заев на Би-Би-Си ја рекламира Република Македонија како земја на евтина работна сила. Иако додека беше во опозиција тоа го критикуваше и им ветуваше на граѓаните дека државава никогаш повеќе нема да се рекламира како држава со евтина работна сила, сега го прави спротивното.
Имено тој во емисијата Бизнис дејли на Би-Би-Си зборувајќи за бизнис климата во Република Македонија зборува дека државата има многу добри инженери и ИТ техничари, а трошоците за нивно вработување се најниски во Европа.
– Трошоците за вработување на инженерите во Македонија се пониски од остатокот од Европа. Затоа што трошоците за живот се пониски отколку на пример во Велика Британија, вели Заев за Би-Би-Си.
Трагедија е државата наместо со квалитетот на работната сила да се рекламира со цената на нејзиниот труд. Сите си го поставуваме логичното прашање до кога државата ќе биде место каде што големите компании ќе доаѓаат само поради евтината работна сила и која е пораката која се испраќа кога тоа го кажува првиот човек на државата?
Имено Заев, додека беше опозиција секојдневно им ветуваше на граѓаните дека земјата нема да се носат инвеститори заради евтина работна сила и дека знаењето ќе биде вреднувано, а со истите зборови се служеше и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој најавуваше дека на фирмите кои доаѓаат заради евтината работна рака ќе им речат да не доаѓаат. Но, сега гледаме токму од првиот човек на владата, премиерот Заев како се обидува да привлече инвестиции заради евтината работна рака.
СДСМ речиси една година е на власт, а се уште не донесоа ниту еден инвеститор, го нема најавениот инвестициски бум, а ги нема ни гигантите Фејсбук и Гугл кои сензационално беа најавувани.
Наместо трка по инвеститори, Заев трча по светските медиуми да ја промовира државата како дестинација за инвестирање со евтина работна рака.