Економија 12.05.2026 08:52

Македонско-албански бизнис-форум „Преку границите“

Македонско-албански бизнис-форум „Преку границите“

Во организација на Стопанска комора на Македонија и во соработка со Амбасадата на Република Албанија, денеска во Скопје ќе се одржи Македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“.

Според агендата, воведни обраќања на бизнис-форумот ќе имаат албанскиот амбасадор во земјава Денион Мејдани, претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на стопански комори на Албанија, Инес Мучостепа.

Бизнис-форумот, како што информираат од Стопанската комора на Македонија, ќе обедини претставници на институции, инвеститори и деловни лидери од двете земји и ќе претставува платформа за зајакнување на економската соработка, воспоставување нови деловни контакти, развој на партнерства и разгледување конкретни можности за трговија и инвестиции од заеднички интерес.

Во рамки на програмата ќе бидат организирани структурирани Б2Би Б2Г деловни средби меѓу компании од Македонија и компании и институции од Албанија, со цел директно поврзување на деловните субјекти согласно со нивните интереси и потенцијали за соработка. (МИА)