Актуелно 22.05.2026 12:18

Општина Делчево обезбеди два милиони денари за механизација за одржување на локалните патишта

Општина Делчево обезбеди два милиони денари за механизација за одржување на локалните патишта

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска потпиша договор за реализација на проектот „Набавка на механизација за одржување на локалните патишта во села со специфични развојни потреби во Делчево“, со кој за Општината се обезбедени два милиони денари преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Како што информираше Гоцевски, проектот претставува значајна инвестиција за руралните средини и има за цел подобрување на условите за живот во населените места со специфични развојни потреби.

– Новата механизација ќе овозможи поефикасно и навремено одржување на локалните патишта, особено во селата каде што инфраструктурата е од исклучително значење за секојдневното функционирање на жителите – истакна Гоцевски.

Тој додаде дека локалната самоуправа останува посветена на рамномерен развој на сите населени места во општината, нагласувајќи дека подобрата патна инфраструктура значи поголема безбедност, подобра поврзаност и поквалитетен живот за граѓаните.

Гоцевски упати благодарност до Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за поддршката и препознавањето на потребите на Општина Делчево, посочувајќи дека Општината ќе продолжи со реализација на проекти насочени кон модерна инфраструктура и подобри услови за живот. (МИА)