Шпанија од Европската комисија итно побара 35 милиони евра, како помош за растечкиот прилив на мигранти во јужниот дел од земјата.
„Шпанија побара дополнителна итна помош, го примивме барањето и сега забрзано го разгледуваме“, истакна портпаролката на ЕК, Наташа Берто.
Таа на прес-конференција посочи дека ова е нов тренд, и дека лидерите на Европската Унија веќе и ветиле на Шпанија голема помош на самитот на Европскиот совет во јуни.
Мигрантите од 2016 година сѐ повеќе ја користат западномедитеранската рута преку Мароко, а Шпанија стана главна капија за влез во ЕУ.
До 18 јули годинава, според податоците на Меѓународната организација на Обединетите Нации за миграција, 18,6 мигранти стигнале до Шпанија, преку Мароко, што е два пати повеќе отколку во истиот период минатата година.
Бројката е сепак значително помала во споредба со бројот на мигранти, кои во 2015-та година стигнаа во Грција.