Актуелно 01.07.2026 09:25

ВМРО-ДПМНЕ: Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните, нов владин состав за поголема ефикасност и резултати во интерес на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните, нов владин состав за поголема ефикасност и резултати во интерес на граѓаните

Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните и се потврдува определбата за одговорно, ефикасно и отчетно управување со државата. Оваа реконструкција е резултат на внимателна анализа на досегашните резултати, но и на јасно искажаните очекувања на граѓаните за побрзи реформи, поголема ефикасност и повисоки стандарди во работењето на институциите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Сашо Клековски ќе биде нов министер за здравство, додека Министерството за социјална политика ќе го преземе Ѓоко Велковски, кој во моментов ја извршува функцијата заменик-министер.

На местото на Клековски во Фондот за здравство, за нов директор ќе биде назначен Златко Перински. Министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ.

Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, ќе биде Ерџан Демир, кој до сега е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во општина Шуто Оризари“, потенцираат од владејачката партија.

-Приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува подобрувањето на квалитетот на животот, економскиот развој, владеењето на правото, борбата против корупцијата и создавањето институции кои работат исклучиво во интерес на граѓаните, додаваат во денешното соопштение.

„Новиот владин состав ќе продолжи со засилено темпо да ги реализира започнатите проекти и реформски процеси, со фокус на конкретни резултати, отчетност и исполнување на ветувањата.

Граѓаните очекуваат работа, одговорност и резултати. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа таа порака и останува целосно посветена на спроведување политики кои носат подобар животен стандард, стабилност и сигурна иднина за сите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.