Живот 17.07.2026 13:48

Англија забранува енергетски пијалаци за помлади од 16 години

Англија забранува енергетски пијалаци за помлади од 16 години
  • Англија од април идната година ќе забрани продажба на енергетски пијалаци со висока содржина на кофеин на лица помлади од 16 години.
  • Со забраната ќе бидат опфатени сите пијалаци што содржат повеќе од 150 милиграми кофеин по литар. Дозволеното количество е еквивалентно на кофеинот во две кафиња или четири кока-коли.
  • Мерката ќе важи за продажба во барови, продавници, преку автомати и онлајн. Некои големи супермаркети на сопствена иницијатива забранија продажба на пијалаци со кофеин за деца.
  • Претставувајќи ја мерката, британските министри објавија дека околу 100.000 деца во Англија секојдневно консумираат енергетски пијалаци и се повикаа на истражувања што ги поврзуваат високите дози на кофеин со несоница, анксиозност и слаба концентрација.
  • Владата на Кир Стармер веќе најави забрана за користење на социјални мрежи помлади од 16 години, а за оние до 17 години воведува „ноќен полициски час“ за пристап до мрежите. Целта е да се подобри сонот, а со тоа и здравјето и благосостојбата на младите.