Живот 27.08.2026 09:22

Сусамки

Сусамки

Состојки:

  • 125 г маргарин или путер
  • 4 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 4 лажици млеко
  • 500 г брашно
  • 1 прашок за печиво
  • лажица цимет
  • 100 г сусам

За премачкување:

  • Белките од 4 јајца

Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките. Жолчките изматете ги со маргаринот или путерот и шеќерот. Додајте го млекото и прашокот за печиво, а потоа постепено додавајте го брашното измешано со циметот и замесете меко тесто. Од тестото формирајте мали топчиња, па секое топче малку сплескајте го со дланките за да добиете тркалезна форма.
Секоја сусамка потопете ја во лесно изматена белка, а потоа убаво извалкајте ја во сусам. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 220°C околу 15–20 минути. Внимавајте да не се препечат – готови се кога од долната страна ќе добијат нежна кафеава боја. Оставете ги да се изладат пред послужување.