Економија 31.08.2026 11:15

По обновените напади на Блискиот Исток, раст на цените на нафтата

По обновените напади на Блискиот Исток, раст на цените на нафтата

Цените на нафтата на азиските берзи утрово се зголемија откога САД извршија напад врз иранскиот остров Ларак, а Техеран возврати со напади врз американските бази во Персискиот Залив.

Барел нафта „Брент“ од Северното Море утрово се тргуваше за 2,88 проценти повеќе од вчера, односно за 90,64 долари.

А цената на американската лесна нафта порасна за 2,88 отсто, односно барел се тргуваше за 85,75 долари.

За зголемувањето на цената придонесе и најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека островот Харг, главниот ирански нафтен терминал, е срамнет, иако нема потврда од армијата.