Актуелно 10.09.2026 10:56

Мисајловски: Словачка е наш доверлив сојузник во НАТО

Мисајловски: Словачка е наш доверлив сојузник во НАТО

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова, и со новоименуваното нерезидентно одбранбено аташе, полковникот Иван Улични.

-Словачка е наш доверлив сојузник во НАТО. Заеднички гледаме можности за продлабочување на соработката во областа на военото образование и обука, заедничките вежби, модернизацијата и развојот на одбранбените способности, како и во областа на одбранбената индустрија, посочи министерот.

Мисајловски порача дека цели кон унапредување на одбранбените односи меѓу Македонија и Словачка.

-На полковникот Улични му посакувам успешен мандат и заеднички да продолжиме да ги унапредуваме одбранбените односи меѓу Македонија и Словачка, врз основа на пријателството и сојузништвото, придонесувајќи кон безбедноста, стабилноста и мирот, порача Мисајловски.