Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон, на која присуствуваше одбранбеното аташе, потполковничката Денис МкМахон.
-Искрена благодарност, во име на Министерството за одбрана и во мое лично име, за значајниот придонес на амбасадорот Лосон за унапредување на билатералните односи и одбранбената соработка меѓу двете земји, како и за континуираната поддршка во развојот на одбраната, стратешките документи и модернизацијата на Армијата, објави Мисајловски.
Министерот му посака успех во идните професионални предизвици, со уверување дека пријателството, довербата и партнерството со Обединетото Кралство, кој е еден од нашите најзначајни партнери во одбраната, ќе продолжат да се зајакнуваат и во иднина.