Времето претпладне ќе биде променливо облачно и нестабилно, на места со пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат и постепено времето ќе се стабилизира. Минималната температура ќе се движи од 15 до 22 степени, а највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени.
Во Скопје претпладне со краткотраен локален дожд и појава на грмежи.Попладне ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.Температурите ќе се движат од 19 до 30 степени.
Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.