Неколку часа пред една од клучните рунди преговори за името, Анѓушев го финализираше договорот за продажба на својата компанија ЕДС на грчкото електростопанство. Пред денешната средба на Коѕијас и Димитров во Виена, под медијанторство на Метју Нимиц во јавноста се појави и официјално соопштение за продажбата на компанијата на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на грчкото електростопанство.
Фирмата на Анѓушев го потпишала договорот со Public Power Coorporation за купување на групацијата ЕДС, македонска компанија за трговија со електрична енергија. За 100 проценти од акциите на ЕДЦ грчкото електростопанство PPC на сметка на Анѓушев ќе искешира 4.8 милиони евра.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати обвинуваше дека јавноста како и тие самите имаат огромна доза на сомнеж во однос на продажбата на ЕДС во екот на преговорите за името на државата. Токму денеска пред еден од „клучните“ датуми за преговори за името на државата Анѓушев ја склучи оваа милионска зделка.
Доколку знаеме дека Анѓушев пред да седне на вицепремиерската фотелја имаше огромен долг кон македонските банки од 26 милиони евра, не е ни чудо обвинувањата на опозицијата да се вистините. Тој откако е вицепремиер инкешираше огромна сума на пари благодарение на својата позиција. Тој со својата друга компанија „Фероинвест“ доби тендер во висина од 2.6 милиони евра од државната компанија ЕЛЕМ, а пак неговата компанија „Брако“ доби царински олеснувања за литиум јонските батерии кои единствено возилата кои ги произведува „Брако“ ги користат во Македонија.