Цените на живеалишта во Велика Британија се зголемија за 3,3% во трите месеци до јули во однос на истиот период од пред една година и достигна нов рекорд од 230.280 фунти (околу 258 илјади евра). Ова го покажуваат податоците на британската банка „Halifax“, цитирани од онлајн изданието на „propertywire.com“.
На месечна основа, цените се зголемија за 1,4% во јули, додека во трите месеци од мај до јули тие се зголемија за 1,3% во однос на периодот февруари-април 2018-та година.
Расел Гали, управениот директор на „Halifax“, забележува дека годишниот раст се крена од 1,8% во јуни до 3,3% во јули, што е најголем скок од ноември.
„Иако стапката на пораст на цените на живеалиштата на квартална и годишна основа се забрзува, активноста на пазарот на недвижнини останува намалена. И покрај скромните зголемувања на одобренијата за хипотека во последните податоци за барања од нови купувачи и договорените продажби, покажуваат дека нивото на одобренијата ќе се задржи непроменето до крајот на годината“, вели Гали.
„Спротивно на тоа, пазарот на трудот останува силен, при што бројот на вработени лица се зголемува за 137.000 во трите месеци до мај. Притисокот врз финансиите на домаќинствата исто така се намалува, бидејќи растот на просечните приходи продолжува да се забрзува побрзо од темпото на пораст на цените на потрошувачките стоки. Со оглед на зголемувањето на основната камата од Англиската централна банка не очекуваме тоа да се одрази значително врз достапноста на хипотеките или врз обемот на трансакции“, додава тој.
Забрзувањето на растот на цените на живеалиштата во голема мера е компензирана од штетите од последните месеци, вели Ли Џејмс Пендлетон, директор на асоцијацијата на независни брокери „James Pendleton“. Тој забележува дека годишниот раст на цените заостанува зад стапката на инфлација во сите месеци од оваа година, освен во март.