Економија 09.08.2018 10:51

Контраудар на Кина: Од 23 август нови царини за САД

Контраудар на Кина: Од 23 август нови царини за САД

Кина наметнува дополнителни тарифи во износ од 25 отсто до 16 милијарди американски долари за увоз од САД, кои ќе се применуваат на разни производи – од гориво, преку производи од челик и автомобили, до медицинска опрема, објави кинеското Министерство за трговија.

Тарифите ќе бидат активирани на 23 август, истиот ден кога САД планираат да наплаќаат царински давачки од 25 отсто за новите стоки увезени од Кина во вредност од 16 милијарди долари, објави Ројтерс.

Сепак, последната кинеска листа на стоки од САД се разликува од нацрт-законот од јуни, во кој  содржеше и сурова нафта. Бројот на категории на производи на кои се применуваат тарифите сега ќе се зголеми на 333 од 114 од јуни, иако вкупната вредност остана иста.

Американските акции и закани од страна на американскиот претседател Доналд Трампе на се што е увезено од Кина, предизвикаа реципрочна реакција од Кина.

Имено, американската администрација одлучи да ги примени царинските давачки на 279 од 284 производи кои се на царинската листа во јуни, во вредност од околу 16 милијарди долари годишно.

На оваа листа на стоки има главно индустриски производи, како што се парни турбини и железнички превозници.

Најнови вести