Актуелно 09.08.2018 13:15

ВМРО-ДПМНЕ даваше пари за градинки, СДСМ за невладини

ВМРО-ДПМНЕ даваше пари за градинки, СДСМ за невладини

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска наместо првенствено да води грижа за детската заштита, социјалната заштита и се што е во надлежност на министерството за труд и социјална политика, таа бара начин како невладините организации да добијат што поголем износ на државни пари.

Со Оперативниот план за вработување кога власта беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ финансиите се распределуваа за отворање на детски градинки, а со ревидирање на Оперативниот план во 2017 година, парите се распределуват за финансирање на невладиниот сектор.

Од оперативниот план може да се види и на кои невладини организации добиле парични средства од државата. Имено станува збор за невладини организации блиски до луѓе на СДСМ или пак се активисти на партијата.

Самата Царовска работеше во невладината организација„ХЕРА“ која практично е на листата избрани организаци на Агенцијата за вработување, а невладината „Мултикултура“ од Тетово исто е на листата на Агенција за вработување. Истата доби и грант од последниот повик за навладини организации објавен од страна на Министерството за одбрана.

Освен ова во мај годинава министерството за труд и социјална политика распиша оглас за консултантски услуги за изработка на правилници, се со цел да ги финансира невладините организации со државни пари. Во суштина тоа е работа на службите на самото министерство од една страна, а од друга страна тоа се внатрешни акти кои се прилагодуваат ако има законски измени, или генерално за подобрување на работата на институцијата.

Значи доколку некој не ги извршува работите кои му се во опис на функцијата или работното место треба да си замине од истото. Во конкретниов случај тоа има голема тежина бидејќи Царовска располага со парите на народот. Ако тие пари ги користи по сопствена желба, а не за да го подобри стандардот на граѓаните кои се во надлежност на министерството таа треба и да си замине од функцијата министер за труд и социјална политика.