Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска со своја стручна анализа за последните случувања и апсењето на Митко Чавков.
Нејзиното излагање преку Фејсбук, ви го пренесуваме во целост:
Можеби додека трае 21 век, ќе ни текне дека ниту еден полициски документ не смее да биде земен како доказ доколку не се повика во суд изјава да даде неговиот составувач со што ќе се обезбеди:
-верификација на документот;
-предизвикување на валидноста, вистинитоста и релевантноста на документот од страна на одбраната;
-предизвикување на кредибилноста на составувачот од страна на одбраната.
И не го „жалам“ Чавков, не го ни познавам, но ве жалам сите вас што не сте свесни дека правната држава претпоставува предвидлива процедура која одбраната ќе има шанси да ја преиспитува и предизвикува-напиша Јошевска Анастасовска на својот Фејбук профил.