Актуелно 09.09.2018 14:37

Адвокати тврдат дека проблемот во „Тенк“ е името Никола Груевски, тој додава дека проблемот е во уште едно име

Адвокати тврдат дека проблемот во „Тенк“ е името Никола Груевски, тој додава дека проблемот е во уште едно име

Од извори блиски до адвокатите на Никола Груевски, порталот „Лидер“ дознава дека деновиве екс-премиерот Никола Груевски повторно ги повикал неговите адвокати и неколкумина други од обвинетите, во различни предмети.

Тој самиот има изјавено дека во една слична прилика, уште минатата година неколку од адвокатите му рекле дека чувствуваат непријатност за хонорарите кои ги наплаќаат бидејки се соочуваат со политички случаи, а дека тие се експерти за право и правни случаи, па според тоа имаат чувство дека не му помагаат.

-На состанокот деновиве еден од нив, позната личност во оваа фела, кратко и јасно држејки го предметот „Тенк“ во рака му кажал на Груевски: „во овој предмет проблем е само Вашето име. Доколку наместо Никола Груевски, во предметот стои Никола Јанковски или Трајковски или Стојановски или било кој граѓанин во земјата, овој предмет веднаш ќе падне на суд, и судиите кои си ја знаат работата немаше да имаат ни малку дилема. Поточно предметот немаше ни да дојде во суд… Значи проблемот е името. Вашето име,  завршил тој, а Груевски шеговито додал: „…и уште едно име…името на државата…,, пренесува порталот.

Дека сакаат да го затворат Груевски по секоја цена и без сторено кривично дело или криминал, бидејки им пречи неговото постоење на слобода дури и кога нема функција и политички не е активен, е јасно и од брзањето во судењата и носењето одлуки. Имено, во кривичниот суд, сите други судења се сериозно забавени или застанати и се судат само предметите од СЈО. За другите нема ни слободна сала, ни време ниту слободен судија од одделот каде се судат ваков вид предмети.

„Лидер“ пишува дека судиите дури и јавно, на самите судења кажуваат дека сите други предмети ги одлагаат бидејки им било кажано да дадат приоритет на предметите од СЈО. Се друго стои, само овие предмети се на брза трака. Слично е и во апелациониот суд. Просек на решавање на предметите е 6 до 9 месеци. Предметот на Груевски експресно се решава за месец и половина до два, работејки како никогаш од 1945-та до денес, цел ден и во вечерните часови.