Економија 29.08.2018 11:53

Адвокатот на Јанкуловска: Бараме од советот разумно времетраење на рочиштата и според Европската конвенција за човекови права

Адвокатот на Јанкуловска: Бараме од советот разумно времетраење на рочиштата и според Европската конвенција за човекови права

Членот 6 од Европската конвенција за човекови права упатува на минимални утврдени права на секој обвинет во постапката, помеѓу кои предвидено е и обезбедување на време и услови за подготвување на одбрана. Овој член не е апликабилен само на подготвувањето на одбраната во претходната постапка (фаза на истрага), туку истиот се однесува и на можноста одбраната да биде подготвена за било кое дејствие кое е предвидено да се преземе на главната расправа, особено во фаза на доказна постапка во предмети каде се предложени голем број на материјални докази и сведоци.

На ова се надоврзуваат и одредбите од чл. 359 од Законот за кривичната постапка кој упатува на текот на главната расправа, односно на фактот дека истата се одржува непрекинато и тече според редот што е определен во законот, а  во случаите кога не е можно истата да е заврши на едно рочиште, претседателот (на советот) одлучува истата да продолжи следниот работен ден.