Гигантот во онлајн трговијата „Amazon“ ја разгледува можноста да отвори продавници без касиери и продавачи на аеродромите во САД, посочуваат документи и извор, запознаен со предметот, цитирани од агенциите.
Веќе со месеци компанијата го проширува своето присуство на продавници „Amazon Go“ каде за да влезат, клиентите ја скенираат бесплатна апликација на компанијата, симната на нивните смартфони, а потоа камери го идентификуваат она што го земале од полиците. Кога купувачите ќе завршат со купување, тие само ја напуштаат продавницата и „Amazon“ им наплатува од нивните кредитни картички.
„Amazon“ отвори седум такви продавницата од јануари во Сан Франциско, Чикаго и во Сиетл, кои главно се наменети за вработените околу продавниците кои сакаат да каснат нешто набрзина.
Според податоците на „Ројтерс“ отворањето на роботизирани продавници на „Amazon“ на големите аеродроми во САД беше тема на разговори меѓу менаџерите на компанијата и претставници на аеродромите во Сан Хозе и Лос Анџелес. За проектот беа заинтересирани од раководствата на аеродромите, но компанијата мораше да ги помине потребните процедури за конкуренција.
Портпаролот на „Amazon“ одби да коментира во врска со ова прашање.
Извор запознаен со стратегијата потврди дека „Amazon“ ја разгледува можноста како да отворат роботизирани продавници на аеродромите, а вработен кој имаат искуство во развој на бизнисот, е ангажиран со реализирање на задачата