Банкарство 15.10.2018 23:31

Aмериканска банка “JPMorgan Chase & Co.„ забележа повисока од очекуваната добивка

Aмериканска банка “JPMorgan Chase & Co.„ забележа повисока од очекуваната добивка

Најголемата американска банка “JPMorgan Chase & Co.„ забележа повисока од очекуваната добивка за кварталот. Профитот од повисоките каматни стапки и растот на кредитирањето и помогнале на банката да ги компензира слабите приходи од тргувањето со обврзници, според извештајот на “Ројтерс„.

Банката, чии резултати често се сметаат за барометар на економијата, заработила од даночната реформа и силната економија, кои доведоа до повисоки каматни стапки и ги одржуваа лошите кредити под контрола.

Во просек, основните кредити се зголемија за 6% во третиот квартал, иако повисоките каматни стапки го ограничуваат кредитирањето во области како што се хипотекарните заеми.

Приходите од пазарните и инвеститорските услуги кои ги вклучуваат приходите од тргување со обврзници и акции, се зголемија само со 1%, бидејќи финансиските пазари беа погодени од ескалираната трговска војна меѓу Пекинг и Вашингтон и стравувањата за забавување на глобалниот раст.

„САД и глобалната економија продолжуваат да покажуваат сила и покрај растечките економски и геополитичката несигурност, кои во еден момент во иднина може да имаат негативни ефекти врз економијата“, изјави главниот извршен директор Џејми Дајман.

Вкупните приходи на „JPMorgan“ пораснале за 5,2% до 27,82 милијарди долари, бидејќи разновидниот бизнис микс на банката и помогнаа да ги надмине флуктуациите во бизнисот со трговија. Сите четири главни поделби покажуваат раст на приходите.

Нето добивката на банката се зголемила до 8,38 милијарди долари, или 2,34 долари по акција, од 6,73 милијарди. долари, или 1,76 долари по акција пред една година. Аналитичарите очекуваа заработка од 2,25 американски долари по акција.

Нето приходите од каматите се зголемија за 7% на 14,1 милијарди долари откако ФЕД ги зголеми своите клучни каматни стапки четири пати од третиот квартал од минатата година на 2,25%.