Актуелно 29.10.2018 10:09

Анализа: Загадувањето на воздухот е најголема закана за здравјето во Европа

Анализа: Загадувањето на воздухот е најголема закана за здравјето во Европа

Европските држави треба да направат поголеми напори за подобрување на квалитетот на воздухот заради исклучително лошите резултати од влијанието на загаден воздух врз човековото здравје и околината, се наведува во анализа на Европската агенција за заштита на животната средина.

Загадувањето на воздухот е главна причина за предвремена смрт во 41 европска држава меѓу кои и 28 од ЕУ, се нагалсува во анализата.

Околу 420.000 случаи на предвремена смрт во 2015 година се поврзани со загадувањето на воздухот во тие држави.

Загадениот воздух е причина за проблеми со дишењето, срцеви заболувања и рак и го намалуваат животниот век, е посочено во анализата.

Загадениот воздуг нанесува големи штети на екосистемите, почвата, шумите, езерата и реките и ги намалува реколтите, напоменува Европската агенција за заштита на животната средина. (МИА)