Ангела Меркел го предупреди денеска американскиот претседател, Доналд Трамп на опасноста од трговска војна, доколку САД ја реализираат заканата за воведување на такса на увоз на странски автомобили.
САД веќе предизвикаа трговски спор, по воведувањето на таксата на увоз на челик и алуминиум, но би можеле да предизвикикаат трговска војна со данокот на увезените абвтомобили, рече германската канцеларка при обраќање во парламентот.