Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес-конференцијата во Владата изрази жалење дека бил погрешно разбран на брифингот со новинарите пред неколку дена на кој, според него, му паднал фломастерот и удрил на масата, а за кој, беше обвинет дека со тоа нападнал новинар.
– На брифингот во Владата на РМ додека објаснував за деталите на процесот за радвижување на инвестициите во РМ, на завршувањето на настанот, од висина го испуштив фломастерот на најблиската маса и жалам доколку некој тоа го сфатил на подруг начин. Ниту имав идеја тоа така да го сфатат, ниту пак така постапив, рече Анѓушев.
Побара од новинарите за него да судат по постапките и резултатите кои ги остварува.
За реакцијата на новинарите по скандалот со вицепремиерот може да прочитате ТУКА.