Актуелно 02.07.2018 17:08

Арсовски: Џафери и Костовски да не одат спротивно на законите, кривично ќе одговараат!

Арсовски: Џафери и Костовски да не одат спротивно на законите, кривично ќе одговараат!

СДСМ со капитулантскиот договор ги обесчестува Република Македонија и нејзините граѓани, реагира Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со срамниот и капитулантски договор Зоран Заев се откажува од името, нацијата, идентитетот, македонското малцинство насекаде во светот. Џафери и Костовски најавувајќи дека ќе ги објават во Службениот весник без потпис од Претседателот Иванов, законите за ратификација на срамниот Договор помеѓу Република Македонија и Грција, како и законот за јазици,  ќе го прекршат најсрамно законот и Уставот. Џафери и Костовски доколку го направат истото за едниот закон, им се заканува затворска казна од најмалку 5 ипол години за злоупотреба на службената должност и самовластие а исто така толкава затворска казна им е запретена и за другиот закон доколку го објават во Службениот весник без потпис од Претседателот Иванов, истакна тој.

Арсовски потенцира дека членовите од Кривичниот законик јасно велат:

Член 353 (5) сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Член 392 (1) Тој што самовласно прибавува некое свое право или право што смета дека му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

-Доколку Костовски како Директор на Службениот весник на Република Македонија и Талат Џафери како Претседател на Собранието на Република Македонија го сторат ова кривично дело и ги објават законите без потпис од Претседателот Иванов, не само што ќе бидат оспорени пред Уставниот Суд, тие и ќе се соочат со затворска казна од најмалку 11 години по човек. Да ги потсетиме Костовски и Џафери дека кривичното дело кое што е сторено никогаш не застарува. Државните и јавните функционери се избрани да го почитуваат законот и да работат според него. Во спротивно, ние ќе ги искористиме сите правни можности и мерки да бидат истите соодветно казнети. Истите Костовски и Џафери треба да ја почитуваат волјата на народот и да не си играат со законите заради кои што можат да добијат и затворска казна  до 11 години затвор, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски.