Финансии 05.09.2018 11:10

“Aston Martin” излегува на Лондонската берза

“Aston Martin” излегува на Лондонската берза

Британскиот производител на луксузни автомобили “Астон Мартин” најави дека има намера да излезе на берзата во Лондон.

И ако е успешна, ова ќе биде првиот  излез на берзата на британски производител на луксузни возила , по многу години, откако  добро познати брендови како што се “Jag”, “Бентли” и “Ролс-Ројс” се веќе продадени на странски сопственици.

На иницијална јавна понуда (ИПО), кои ќе ги следат истите чекори како “Ферари”, би можеле да бидат валоризирани “Астон Мартин” на 5 милијарди фунти или 6,4 милијарди американски долари, според Блумберг.

“Астон Мартин” поднесе документ за регистрација на Британскиот регулатор на финансиските пазари, како прв чекор за ИПО.

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.