Актуелно 26.02.2019 13:33

Автобус излета од патот во струмичко, возачот повреден

Автобус излета од патот во струмичко, возачот повреден

На 25.02.2019 во 18:20 часот на локалниот пат од село Василево, струмичко, кон крстосницата со локалниот пат за село Пиперево и село Добрејци, на место викано „Воденица“, автобус „Ман“ со струмички регистарски ознаки, управуван од А.М.(46) од Струмица, излетал од патот.

Притоа, со повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му била укажана лекарска помош.

Други патници немало во автобусот.

Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.