Живот 24.07.2018 14:14

Автобуската постојка во ГТЦ од утре привремено се затвора

Автобуската постојка во ГТЦ од утре привремено се затвора

Автобуската постојка во подрумот на ГТЦ утре нема да биде во функција од 12 часот, па се до наредниот ден во утринските часови.

Автобусите на линијата „50“ во тој период ќе ја користат автобуската постојка до паркот Жена борец.

Привременото затворање на постојката е поради централниот настан во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“ кој ќе се одржи во Графити галеријата во ГТЦ.