Шпанскиот кредитор „Banco Santander“ најави зголемување на годишната добивка од 18 отсто во услови на силен раст на својот бизнис во САД, Бразил и Шпанија, објави „CNBC“.
Нето добивката од минатата година изнесуваше 7,81 милијарди евра (8,93 милијарди долари) во споредба со 6,62 милијарди евра во 2017-та година.
Банката постигна пораст од речиси 4% во нето добивката во последниот квартал од 2018-та година во споредба со претходниот квартал, кога изнесуваше 2,07 милијарди евра.
Во интервју за „CNBC“, Ана Ботен, која е претседател на „Santander“, рече дека е „исклучително горда“ за постигнатите резултати во последните три години.
„Ние сме многу горди на она што го направивме во текот на изминатите три години, затоа што видовме значителен раст во однос на недостатокот на ваквите позитивни податоци меѓу другите европски банки“, рече таа.
Ботен додаде дека банката ќе ја задржи својата тековна стратегија за лојалност кон своите клиенти и добрата дигитализација.
Во врска со надолната прогноза на Меѓународниот монетарен фонд за глобалниот економски раст, Ботен изјави за „CNBC“ дека овој негативен тренд може да биде позитивен за банкарскиот сектор.
„Нема сомневање дека во моментов се соочуваме со значително забавување на растот на глобалната економија, но мислам дека ова не е лошо за банките и може да доведе до постојан раст“, рече претседателката на „Banco Santander“.