Актуелно 23.01.2019 01:12

Без 2/3 мнозинство за ЗКП, Законот за јазици не може да се применува во судница

Без 2/3 мнозинство за ЗКП, Законот за јазици не може да се применува во судница

Законот за јазици нема да може се применува во судовите додека не се сменат системските закони како што се законите за кривична, прекршочна парнична, постапка и други кои се носат со 2/3 мнозинство и со кои поинаку се уредува и употребата на јазиците во постапките. Од Министерството за правда најавуваат усогласување на другите закони со овој закон а власта има една година за да обезбеди 80 гласови за измени на законите што ги регулираат судските постапки, бидејки во Законот за јазици е оставен рок од една година за усогласување, пренесоа медиумите во Македонија.

Законот за употреба на јазиците е закон кој е донесен со просто мнозинство, додека пак Законот за кривична постапка е со двотретинско мнозинство, па во таа насока Законот за употреба на јазиците во случајот не може да има предимство над закон кој е донесен со двотретинско мнозинство. Од таа причина, потребна е хармонизација на Законот за кривична постапка со цел да се хармонизираат одредбите во тој закон, велат од Министерството за правда, пренесе Лидер.мк.