Кога станува збор за работа, повеќето инвеститори се во потрага по компании со менаџерски тим кој има искуство и успех во формирање на тимови, пишување на бизнис планови и управување.
Како и во сите други аспекти од животот, праксата и искуството овозможуваат важни лекции за континуиран развој и подобрување.
Сепак, „гренд слем“ во претприемништвото доаѓа со младите директори кои се во своите дваесетти години, пишува Форбс. Некои од најуспешните претприемачи на нашето време започнаа токму во овие години од својот живот.
„Google“ е основан од страна на Сергеј Брин и Лари Џими Пејџ, кога тие имале 25 години. Стив Џобс имал само 21 година кога го покренал „Apple“. Бил Гејтс имал само 20 години кога ја започна приказната за „Microsoft“. Најпознатата социјална мрежа „Facebook“, Марк Цукерберг ја лансираше кога тој имаше само 20 години.
Младите лица имаат енергија да го издржат напорот од претприемачките обврски, имаат желба за успех и учат од своите грешки градејќи се истовремено.
Една од главните причини зошто младите претприемачи градат неверојатно успешни компании е фактот дека тие немаат што да изгубат.