Биткоин останува најдобар избор за инвеститорите, бидејќи криптовалутата „се користи функционално“ од луѓето во светот.
Тоа го посочи Барт Смит, шеф на Дигитални средства од компанијата од „Wall Street“ – „Susquehanna International Group“, за „CNBC“.
„Ако сакате да поседувате средства што реално можете да ги користите денес и луѓето ги користат функционално, тогаш ова е биткоинот“, вели Смит.
„Применливоста на биткоинот е валидна и денес, а тоа е валута на Интернетот“, додава тој.
Биткоинот е најголемата виртуелна валута по пазарна капитализација на пазарот, на кој постојат уште илјадници криптовалути.
Според зборовите на Смит, она што му дава предност на биткоинот кон сите други дигитални средства, е неговата активна употреба од страна на корисниците.
„Во минатата година, кога трговијата со биткоин фјучерси се појави, луѓето се возбудени многу во врска со биткоинот“, вели Смит.
„Тие беа возбудени за сите други дигитални средства. Одеднаш сите овие мали криптовалути околу кои луѓето се возбудлија, се надминаа себеси“, вели експертот.
„Ако погледнете на други апликации (на криптовалутите), како најпаметните договори, мислам дека луѓето почнуваат да сфаќаат дека овие работи се многу сложени и нема да станат достапни наскоро воопшто“, вели Смит.
Според него, многу луѓе кои работа во странска земја, испраќаат пари до друга точка во различна држава – ситуација која е доста погодна за биткоинот.
„Тие го користат „Western Union“, традиционалните банки. Ова е бавно и скапо. Исто така, постојат луѓе кои можат да ве спречат да ги испраќате овие пари, без разлика дали се добри или лоши. Со биткоинот можам да испраќам пари. Брзо е. Ефикасно е. И искрено, никој не може да ме запре да го направам“, вели тој.
Во времето на подготовка на материјалот, биткоинот се тргуваше за 6.338 американски долари, според „CoinMarketCap“.
Во јуни, цената на криптовалутата падна под 6.000 долари за прв пат за 8 месеци.
Бикоинот достигна највисока цена на крајот од минатата година кога се тргуваше за речиси 20.000 долари.