Мозаик 30.01.2019 14:59

Блади мери – коктел кој е извор на здравје

Блади мери – коктел кој е извор на здравје

Блади мери не е само обичен коктел. Тоа е здрав коктел. Сокот од домати кој се сосдрѓи во овој познат коктел има мноштво добри карактеристики.

Од вообичаените антиоксиданти се застапени витамините Ц и Е и бета-каротен, а од минералите калиум и манган. Содржи и флавоноиди, флавоноли и каротеноиди во кои е вклучен и најпознатиот фитонутриент на доматот – ликопен, кој помага во борбата со канцерогените клетки и е делотворен при многу болести.Ги обновува комуникациските канали меѓу клетките и помага во елиминирањето на канцерогените материи и токсините од телото, а заслужен е и за црвената боја на доматот, и претставува сојузник во борбата против бројни компликации и болести. Овој силен антиоксидант го штити нашето тело од слободните радикали и предвременото стареење и го регулира нивото на масти во крвта. Нашето тело не може само да создаде ликопен, поради што е потребно да го внесуваме преку храната.

Ликопенот останува и во зготвениот домат, па доколку не го сакате свежиот сок,  можете и зготвено.