Актуелно 19.04.2018 13:58

“Блокиран патот Битола-Прилеп, еурокомпозитци на улица чекаат Анѓушев и Сугарески да им ги решат проблемите”

“Блокиран патот Битола-Прилеп, еурокомпозитци на улица чекаат Анѓушев и Сугарески да им ги решат проблемите”

Без плата и без директор, нови проблеми за вработените во прилепски Еуркомпозит.

Откако вчера вработените пред портите на фабриката ги кажаа своите проблеми, денеска се решија одново да го изразат својот револт и да упатат порака до Владата, премиерот Заев и вице премиерот Анѓушев за неисполнетите ветувања кон нив.

Според претседателот на синдикалната организација Богданоски, изминал еден месец откако вработените ја зеле последната плата, а ветувањето на владата на средбата со претставниците од компанијата било дека вработените ќе примаат редовна плата и дека за 6 месеци ќе се најде стратешки партнер.

Дури и оставката на директорот Кузески не е верификувана, па синдикалците не знаат дали ќе дојде нов директор на неговото место.

Денеска вработените во комапнијата го блокираа патниот правец Прилеп-Битола, а барањата остануваат исти. Редовна плата и придонеси и поставување на нов менаџерски тим.

Цели колони возила се блокирани на патниот правец. Протестот на еурокомпозитци ќе трае до 14:00 часот.

 

извор: Маркукуле