Економија 02.07.2018 17:02

BofA Merrill Lynch: Нафтата може да се зголеми до 90 долари

BofA Merrill Lynch: Нафтата може да се зголеми до 90 долари

Тврдокорните обиди на претседателот на САД, Доналд Трамп да влијае на извозот на нафта на Иран наскоро може да помогнe на цените на суровинaта да го помине нивото од 90 долари за барел, изјавија аналитичарите за „CNBC“.

Цените на фјучерсите на суровата нафта се движат во близина на повеќегодишни максимуми, откако поголем од очекуваниот пад во нафтените резерви на САД се засили растот предизвикан од ограничувањето на извозот на Канада, стравувањата околу извозот на Либија и обидите на администрацијата на Трамп да го ограничи извозот во Иран.

„Во моментов се наоѓаме во многу атрактивна средина за цените на нафтата и според нас, суровината ќе поскапе до 90 долари до вториот квартал од следната година“, вели Хутан Јажари од „Bank of America Merrill Lynch“.

„Влегуваме во средина каде што има проблеми со снабдувањето низ целиот свет. Се разбира, претседателот Трамп исто така е доста активен во обидот да се изолира Иран и да ги натера сојузниците на САД да не купуваат нафта од земјата“, додава тој.

Нафтата од сортата Брент се тргуваше по цена од над 78 долари, а вчера поскапе за околу 0,7%, додека цената на американската лесна сурова остана без промена на ниво од 72.72 долари.

Во вторникот, САД ги повикаа сите земји да престанат да увезуваат нафта од Иран од почетокот на ноември. Цврстата позиција на администрацијата на Трамп е дел од обидите на Иран за понатамошна политичка и економска изолација.

Меѓутоа, повеќето поголеми увозници на нафта од Иран ја игнорираа речиси унилатералната политика на САД кон Иран.

Овој потег следеше по одлуката на ОПЕК од минатата недела за зголемување на производството. Нафтениот картел ќе се обиде да ги смири цените, откако скокна за над 40% во изминатите 12 месеци.