Економија 10.05.2018 13:35

Богоев ветуваше подобра животна средина, а во Карпош се пустошат цели паркови со дрва (ФОТО)

Богоев ветуваше подобра животна средина, а во Карпош се пустошат цели паркови со дрва (ФОТО)

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев од СДСМ, им ветуваше на сограѓаните подобра животна средина. Тоа ветување изгледа важеше само до изборите каде ги очекуваше нивните гласови.

Богоев е од партијата која жестоко критикуваше кога се сечеа дрва. Денес од својата удобна градоначалничка фотелја, градоначалникот мирно го следи опустошувањето на зеленилото во Карпош.

Поточно, во Карпош 4, се спроведува голема сеча на дрвата, а граѓаните оправдани се изреволтирани.

Фотографиите кои ги добивме сведочат дека на очиглед на јавноста, општина Карпош го уништува зеленилото. Од друга страна, познато е дека нема смена на ДУП-от и дека на ова место не е планирано нешто да се гради, па сечата да биде оправдана.

Видеото погледнете го ТУКА

Најнови вести