Актуелно 27.03.2019 00:11

Божиновски: Она што може да го направи опозицијата кога ќе дојде на власт е да види што и како е направено во Договорот од Преспа

Божиновски: Она што може да го направи опозицијата кога ќе дојде на власт е да види што и како е направено во Договорот од Преспа

Околу Договорот од Преспа, сакам да кажам дека ако ние тоа го немам тогаш ќе има сериозна политичка криза во Македонија, тоа е прва работа, втора работа, ние имаме договор и двете страни треба да го почитуваат. Она што може да го направи опозицијата кога ќе дојде на власт е да види што и како е направено во тој договор и како е усогласено, по кој стандарди тоа е направено, што и како може да се толкува и евентуално да се види дали нешто може да се подобри како позиција на Македонија од таа страна, ова вечерва во дебатната емисија „Само вистина“, го истакна аналитичарот Владимир Божиновски.

-Реториката е повеќе дека ќе се направи обид да се унапреди тој договор, но доколку не може тој договор ќе се почитува. Видете ние имавме промена на Устав, за вие треба да направите нешто треба повторно да имате промена на Устав. Она што можете да го направите е да ги унапредите односите и да видите на кој начин може да се толкуваат одредени членови и тоа да се искористи, потенцира Божиновски.

Најнови вести