Бројот на туристите кои ја посетуваат Куба, бележи пораст и покрај „кампањата“ на САД да го ограничат најголемиот економски сектор на островот, соопштија кубанските власти, цитирани од светските агенции.
Од 1-ви јануари до 9-ти август Куба е посетена од 3 милиони туристи, а прогнозите за целата 2018-та година е за 5 милиони посетители во однос на 4,5 милиони во 2017-та година.
„Овој резултат е постигнат и покрај организираните и предводени од Владата на САД кампањи за намалување на протокот на американски посетители во нашата земја“, се вели во соопштението на Министерството за туризам.
Куба привлекува секоја година милиони туристи на своите плажите, колонијалниот шарм на градовите, убавината на природните локалитети, но и со безбедноста, со кои уживаат туристите на островот.
Меѓутоа, од крајот на септември, оваа репутација била нападната од САД, барајќи од нејзините граѓани да ги избегнуваат посетите на Куба.
Во 2017-та, Куба беше посетена од 619.523 Американци, повеќе од три пати од 2016-та година.
Освен предупредувањата кои ги упатува кон Американците администрацијата на Трамп, угостителство на островот настрада и од ураганот „Ирма“ во почетокот на септември.