Економија 10.04.2018 11:05

Царина вработува: Плата од 45.599 денари

Царина вработува: Плата од 45.599 денари

Царинската управа објави оглас за вработување на 1 (еден) извршител на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2018)

Се бара Советник на директорот. Пријава и кратка биографија со задолжително наведено живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, email адреса и контакт телефон. Кандидатите се должни да поднесат Пријава и кратка биографија и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар. Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите требада ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Распоред на работно време: работни часови во неделата: 40 часа. Работно време: од понеделник до петок од 08. 30 до 16. 30 часот Паричен износ на основна нето плата: 45. 599, 00 денари. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 3 1 .1 2. 2018 година. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни денови сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 17. 04. 2018 година (вторник). Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи. Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа или по пошта на следната адреса: Ул. „Лазар Личеноски” бр. 13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 1/2018″ Контакт број 02 3166 188 Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РМ.