Економија 14.05.2018 11:55

Царината и Бирото за јавна безбедност ќе потпишат протокол за побрз проток на стоки

Царината и Бирото за јавна безбедност ќе потпишат протокол за побрз проток на стоки

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски денеска во Владата ќе потпишат протокол за побрз проток на стоки.

Целта на протоколот е уредување на постапките за побрз проток на жива стока, стока во свежа состојба, опасни материи, стока во Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС), како и на празни камиони на граничните премини Табановце и Богородица.

Според најавата, за придобивките од протоколот треба да зборува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Најнови вести