Актуелно 20.02.2019 18:53

Четворица повредени во сообраќајката кај Ласкарци сѐ уште се во критична состојба

Четворица повредени во сообраќајката кај Ласкарци сѐ уште се во критична состојба

Четворица повредени во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи пред една недела, се уште се во критична состојба. Двајца од нив се на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а двајца се во Градската општа болница „8 Септември“.

Од ГОБ информираат дека пет пациенти се пуштени на домашно лекување, а осум се на Одделот за трауматологија.

Неколкумина повредени пациенти се сместени во другите оддели во Клиничкиот центар.

Најнови вести