Мозаик 24.10.2018 14:16

Чудни навики кај русите

Чудни навики кај русите

Русите се навикнати на тешкотии, но дефинитивно знаат како да им се спротивстават. Тие, исто така, знаат неколку трикови за да го направат животот полесен. Избравме 6 од тие трикови.

1. Донеси подарок
При посета на пријател, сосед или на познаник, Русите често носат мал подарок. Бонбониера, торта или играчка за детето, можеби цвеќиња. Подарокот не е важен, важен е гестот што ќе го направите.

2. Оставете ја лажицата во шолјата чај
Во советско време луѓето се шегуваа дека Русите пиеле чај со затворено око, за да не го извадат со лажичка. Мистерија е зошто го прават тоа. Но, лажичката ја лади шолјата побрзо и очигледно чајот има подобар вкус.

3. Прославете ја новогодишната ноќ двапати
Пред 1918 година, Русите живееле според јулијанскиот календар, кој е 13 дена по грегоријанскиот, усвоен во Европа. Иако Русија одамна премина на новиот календар, сè уште се слави Новата година според стариот наречена стара Нова година. И ако размислиш за миг за ова, постои совршена причина да се слави два пати: два празника, две забави (иако, да бидеме сосема искрени, Русите не си даваат подароци за старата Нова година) и, се разбира, двократна шанса да си посакаш желба. Мора да се додаде дека и во Македонија има две Нови години.

4. Јадете сладолед дури и назима
Студеното време не е изговор за да се одречете од вашиот омилен десерт. Некои киосци за сладолед во руските градови се отворени дури и кога температурите паѓаат под нулата. Ако се плашите да се разболите, обидете се со мешање со вкусно руско слатко. Тоа ќе го заштити грлото од студ.

5. Прави сè во последен момент
Русите некако успеваат да направат сè што е можно во последниот можен момент. Тие почнуваат полека, но се одлични играчи – тоа е факт!

Од една страна тоа покажува целосна неможност за претходно планирање, но од друга – огромна способност за експедитивно довршување на работата.

Постои стара шега. Ученикот го прашуваат: „Колку време ти треба за да научиш кинески?“ Тој, пак, прашува: „Кога е испитот?“

6. Секогаш бидете оптимисти!
Годишниот прекин на топлата вода на неколку дена, студените лета (особено 2017), финансиската криза … Русите се способни да реагираат на сето тоа со оптимизам. Тие топлат вода во тенџериња, имаат многу џемпери и трпеливост во изобилство.

Она што не нè убива нè прави уште посилно – позитивниот став кон светот е особено важен, не заборавајте!