Економија 12.12.2018 19:44

Во EУ нема консензус за воведување нови санкции кон Русија

Во EУ нема консензус за воведување нови санкции кон Русија

Во Европската Унија не постои консензус за воведување нови санкции кон Русија по нејзината интервенција во Азовското Море, изјави неименуван германски официјален претставник ден пред самитот на ЕУ во Брисел, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Москва се спротивстави на меѓународните повици за ослободување на трите украински бродови кои беа запленети минатиот месец кај теснецот Креч, меѓу Црното и Азовското Море.

Според официјална Москва, украинските бродови нелегално влегле во руски територијални води.

Во таа ситуација беа уапсени и 24 украински морнари.