Актуелно 21.02.2019 18:17

Чувар во затворот Шутка се заканува: Црнец во темница за сите обвинети за 27 април!

Чувар во затворот Шутка се заканува: Црнец во темница за сите обвинети за 27 април!

Миле Јанакиески со скршеница на раката е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“, додека Спиро Ристески добил медицинска помош по расечената аркада во стационарот во затворот по денешниот инцидент кога двајцата биле нападнати од затвореник во истражниот затвор „Шутка“.

Затворскиот чувар Жарко Милошевиќ кој е вработен во истражниот затвор Шутка неодамна се заканувал на социјалните мрежи.

Во преписка на Фејсбук Милошевиќ се заканувал со метод “Црнец во темница”, што во конкретниот разговор на Фејсбук е алузија на сексуално насилство од маж кон маж.

Во својата закана Милошевиќ употребил и расистичка и (хомо)сексуална дискриминација но за тоа никогаш не бил санкциониран од македонските власти и без проблеми на работно место чувар добива плата од затворот во Шутка.

Тој во пост го тагирал пратеникот Павле Богоевски и се заканувал на опозициски активисти.

к