Актуелно 21.02.2019 13:47

Јовески за несреќата кај Ласкарци: Возачот на автобусот добива закани, засега не е утврдeна одговорност

Јовески за несреќата кај Ласкарци: Возачот на автобусот добива закани, засега не е утврдeна одговорност

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, ги потврди информациите дека возачот на автобусот на „Дурмо турс“, кој се преврте кај Ласкарци, при што загинаа 15 лица, добивал закани по живот. Тој испрати апел да се почитува презумпцијата на невиност и дека се уште не е утврдена одговорноста за трагичниот настан.

„Да, постои такво сознание во обвинителството дека возачот добивал закани по живот. Јас би апелирал во тој дел да се почитува презумпцијата на невиност, особено во делот на заканите кон возачот. Обвинителството не може конкретно да ја посочи вината кај некое лице. Преземени се повеќе мерки за утврдување на причините за несреќата. Откако обвинителството ќе ги има доказите, ќе соопштиме кои се причините и евентуалната одговорност на сторителите на кривичното дело. Се сослушуваат сведоци. Нема податоци кој ја има одговорноста за несреќата. Би апелирал уште еднаш да се почитува презумпцијата на невиност“, вели обвинителот Јовески.