Централниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска одржа редовна седница при што беше разгледена актуелната политичко-економска состојба во Македонија и нејзиниот импакт врз животот на младите.
Членовите ЦК истакнаа дека се што било ветувано од СДСМ пред избори се испоставило како обична лага. Година ипол како СДСМ е на власт, а животот на младите воопшто не е подбрен, напротив е влошен, велат од УМС.
Младите сметаат дека не учествуваат во доволен број во донесувањето на одлуки во општеството и се занемарени од власта.
Членовите на ЦК истакнаа и дека за младите договорот од Преспа за промена на името на државата е правно-политички мртов и дека граѓаните, од кој голем број на млади јасно кажаа дека не го прифаќаат овој договор.
На ЦК беше посочено и дека партијата има голема меѓународна активност, соработката со подмладоците на сестринските партии е на високо ниво, но и со странските фондации како Конрад Аденауер.
Беше посочено и дека власта има креирано лажна слика кај нашите меѓународни партнери, што сега сите гледаме дека е лага.
ЦК на УМС заклучи дека подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ е подготвен за евентуални предвремени парламентарни избори кога и истите да се случат.