Откако медиумите ја открија намерата на владината прес-служба со лажен видеоматеријал да го прикрие лапсусот на премиерот Зоран Заев, кој на комеморативна свеченост во Македонскиот народен театар рече „Холокаустот не е само еврејска традиција, ниту само една темна страница од Втората светска војна“, премерот Заев на Фејсбук се извини за лапсусот „што не се случил“.
Имено, во делот од говорот кој гласи: „Холокаустот не е само еврејска трагедија, ниту само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња“, наместо зборот „трагедија“, ненамерно го искажав изразот „традиција“.
Секако се работи за ненамерен лапсус, грешка заради која изразувам извинување, стои во статусот на Заев.
По ова негово извинување „Оффнет“ го објави неговиот статус, но со наслов „Да го пратиш на вакцинација, тој на кастрација ќе отиде“.