Актуелно 09.10.2018 22:53

„Да се сопре ова лудило“: Аеродромци револтирани, бараат одговорност од Марин (ВИДЕО)

„Да се сопре ова лудило“: Аеродромци револтирани, бараат одговорност од Марин (ВИДЕО)

Лажни беа предизборните ветувања на Златко Марин, кој во предизборието ветуваше едно, а сега прави сосема друго.

Додека да се избори за гласовите пред локалните избори, во функција на кандидат од СДСМ, тогаш ветуваше дека нема да дозволи да се уништува зеленилото кај Мајчин дом.

Денес, во функција на веќе избран градоначалник, Марин прави нешто сосема друго.

Објектот е преграден, машинерија дојде среде ноќ.

Според одобрението за градба, издадено од општината, на парцелата пред Мајчин дом ќе се гради станбено-деловен објект со вкупна површина од 3.500 метри квадратни.

Граѓаните изреволтирани, бараат одговорност. Еве што велат лицата од денешниот протест, анкетирани од екипата на КУРИР:

-Да се сопре ова лудило, градење. Народот си кажа уште поодамна. Не го слушаат народот, не го ни гледаат народот. Оваа ограда не беше тука до пладне, ова е поставено навечер, кога нема луѓе. Народот си кажува своето. Единствено зеленило во цел овој регион, беше ова зеленило. И тоа го земаа. Му го слушав пресот на Марин, нема гајле. Ќе си го тера своето, нека го тера. Ако не му е срам, нека си го тера своето.

-Се собравме против бесправно градење на објектот.Тој треба сам да си бара одговорност. Ова е лоша порака за наредните градоначалници. Дава порака дека во секој зелен парк можат да градат нешто друго. Треба да го сруши ова и веднаш да престане со градење. Нека им каже дека нема градење, оваа населба е градена плански. После ова, ништо не смее да се преправа. Овие луѓе живеат овде и треба да останат и за децата да можат да дишат чист воздух, а не да се градат бесправни објекти и да не може да дишеме.

-Целта на моето доаѓање е да го изразам своето незадоволство. Од она што можам да го видам, како сега така и изминативе години, очигледно постои механизам кој овозможува на поединци, можеби се од бизнис елитата, но не е важно, не се само градоначалниците виновни. Тргнете од советниците, од судовите… Како што дознаваме, повеќе од една година стои предмет по кој Уставен суд треба да одлучи, а не е одлучено. Не можам да го лишам од одговорност градоначалникот Марин, затоа што имал година и нешто да не извести, информира и да бидеме запознаени континуирано што се случува. Сега можеби е прекасно.

Целите нивни изјави, погледнете ги во видеото во продолжение