Економија 16.07.2018 14:37

Дали почнува деглобализација?

Дали почнува деглобализација?

Трговската војна на Доналд Трамп со Кина, како и генералната рамнодушност за мултилатералните поредок, покажува анксиозност во светот, не само во Пекинг ( Кина е примарно таргетирана со тарифите). Но, многу колумнисти велат дека, не е само Доналд Трамп загрижен за последиците на економската интерграција на Америка со Кина, пишува Фајненшл Тајмс.

Американската заедница за национална безбедност, на пример, искажува длабока загриженост за брзината со која Кина напредува и победува во иновациите за вештачка интелигенција и роботика. Колумнистите расправаат дека Америка за првпат се обидува да надокнади за загубеното време, додека доктрината на слободниот пазар ја направи администрацијата мрзлива во одбирањето на ,,победниците,, во секторите на висока технологија, Пекинг адаптираше координирана индустриска стратегија дизајнирана да ја жетви технологијата која и потребна. Приватните компании имаат слични грижи, и вече бараат начини да се скратат ланците за набавки. Интензивирањето на трговската војна меѓу САД и Кина е веројатно да го забрза овој процес да Деглобализација.  Некои колумнисти пишуваат за тоа дека светските банки лошо менаџираат со ризиците.  Мнозина заклучуваат дека време е да се префрлиме од статичко на динамичко известување за финансиските движења, да се објавуваат реал-тајм податоци за клучните параметри како што е движењто на капиталот и да им се помогне на инвеститорите да ги спотираат проблематичните трендови порано. Големите компании веќе имаат реал тајм следење на клучните индикатори на дневна база.