Актуелно 16.11.2018 00:09

Дали власта се вплетка во уште поголем скандал: Кој ќе понесе одговорност за прислушувањето на Кабинетот на Иванов?

Дали власта се вплетка во уште поголем скандал: Кој ќе понесе одговорност за прислушувањето на Кабинетот на Иванов?

Движењето Бојкотирам бара одговорност за незаконско прислушкување на институцијата Претседател на Р. Македонија од страна на УБК.

На нивната Фејсбук страница, пишува дека разрешувањето, односно оставката на судијката Анета Арнаудовска е поради тоа што открила службена тајна дека се прислушуваат Вилата Водно и Кабинетот на претседателот.

-Бараме одговорност за незаконско прислушкување на институцијата Претседател на Р. Македонија, велат од „Бојкотирам“ и додаваат:

„Судијката Анета Арнаудовска што објави Службена Тајна дека УБК ја прислушува Вила Водно и кабинетот на претседателот Иванов е разрешена. Туку прашањето е кој ќе сноси одговорност за незаконското прислушуваше на институцијата претседател на државата?!“.